Published: Sunday, July 31, 2016 11:02
Припадник на полициските сили ноќеска околу 23 часот е убиен при интервенција по пријава за семејно насилство во кумановската ромска населба Средорек, соопшти Јавното обвинителство.
Како што се наведува во соопштението, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.
Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош. Полицијата изврши увид, а напаѓачот е приведен.




