Советникот во општина Северна Митровица Димитрије Јаниќиевиќ изутрината со истрели од автоматско оружје бил убиен пред неговиот дом во северниот дел на Митровица.
Засега не е познато кој стои и кои се мотивите за убиството. Дописникот на Радио Слободна Европа јави дека тој бил доведен во болница без знаци на живот.
35-годишниот Јаниќиевиќ на последните локални избори беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Северна Митровица.