Тринити Геј, средношколска спринтерка и ќерка на олимпиецот Тајсон Геј, почина откако беше убиена пред ресторан во Кентаки од залутани куршуми.
Имено две коли биле инволвирани во престрелка пред ресторанот на универзитетскиот кампус каде што во тој момент се нашла и ќерката на Тајсон Геј.
Полицијата и понатаму трага по напаѓачите.
– Таа не успеа. Збунет сум, тука беше минатата недела за време на распустот, не знам што се случи, вели Геј.
Инаку неговата ќерка важеше за талентирана спринтерка која беше државен шампион во Кентаки на 200 метри и четврта на 100 метри.