Дванаесет Палестинци се убиени, а триесeтина се ранети, утрово за време на израелските напади врз појасот Газа. Девет Палестинци загинаа во Рафах на југот на палестинската територија и тројца во централниот дел на Газа, јавува Ал Џезеира.
Израелската војска во меѓувреме потврди дека војникот Хадар Голдин, за кој се сметаше дека го грабнале припадниците на Хамас загинал во текот на борбите во Газа на 1 август.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека воените операции продолжуваат „толку колку што ќе биде потребно“ и тоа „со полна сила“.
Портпаролот на Хамс одговори дека тие ќе продолжат со отпорот.