Денеска (21.02.2022), во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 62-годишно лице од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил 44 годишник од Битола, кој починал на местото.
Според пријавеното, претходно убиениот со употреба на сила влегол во куќата на приведениот и со остар предмет се заканувал на ќерката која е негова поранешна сопруга.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.