Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиството на Асани одмазда за убиениот телохранотел на Села

0
By Сашка Цветковска on July 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 26, 2015 14:50

Полицијата соопшти дека го уапсила братот на убиенот телохранител и возач на струшкиот градоначалник Зијадин Села за убиството на заменик-директорот на УЈП Аргетим Асани. Вчера на социјалните мрежи, а потоа и во изјава за медиумите, таткото на приведениот Абудлај Купа рече дека неговиот син се одмаздил за киднапирањето и убиството на неговиот брат Купа.

Уран Купа изчезна во фебруари годинава во близина на Струга. Тогаш во јавноста се шпекулираше дека е киднапиран, а по еден месец истрага тој беше најден убиен во близина на патот кај Дебар. Истражните органи и по 6 месеци не го најдоа убиецот на Купа. Но изјавата на таткото зборува дека тој и неговиот син биле силно убедени дека виновник и одговорен е Аргетим Асани.

Аргетим Асани беше убиен во центарот на Струга кога од возило во движење во него беа испукани 14 куршуми, како што соопшти полицијата. Од контроверзниот Асани дури се огради и ДУИ од каде што вчера побрзаа да испратат соопштение во јавноста дека тој не бил нивни член.

Асани кого го следеа бројни скандали кои инволвираа криминал и насилство на позицијата заменик-директор на УЈП беше поставен како предлог на ДУИ. Ова во 2014 во изјава за НОВА го кажа портпаролот Мухамед Хоџа, кој уште и дополни дека „поставувањето на директори е договор помеѓу коалиционите партнери“, како и дека „Асани бил во процедура да стане член на ДУИ“.

Тој како заменик директор беше и должник на даноци на Управата за јавни приходи, па дури и ја тужеше УЈП. Овој скандал кој го објави НОВА, а потоа и ДПА поднесе пријава до Антикорупциската комисија помина во знак на молк од страна на сите државни институции.

Асани во написите на медиумите на албански јазик беше често опишуван како човек кој се однесува како локален шериф и како некој кој ја користи позицијата во УЈП за уцени и рекет, а често е споменувана и неговата блискост со Али Ахмети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.