Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учебната година почнува со физичка настава-Синдикатот и МОН на иста страна-Проф.Др.Пановски сугерира преполовување на паралелките

0
By Ivana on August 30, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Министерството за образование тврдат дека училиштата се целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и дека нема ниту одложување на почетокот на учебната година, ниту менување на моделот. Првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделковски, во изјавата за Нова ТВ изјави дека „синдикатот целосно ја поддржува наставата со физичко присуство, бидејќи, како што вели, треба целосно да и се верува на Комисијата за заразни болести.Проф.Др.Пановски сугерира преполовување на паралелките бидејќи ирелевантно е ако се премине кон комбиниран модел, а во една паралелка има и по 34 ученици

За разлика од лани, годинава стартот на новата школска година ќе ги наполни со џагор училишните простории. Учениците се враќаат онаму каде што припаѓаат во училиштата, меѓу  училишните клупи и табли.Еуфоријата расте со наближувањето на први септември, а овој пат таа е поголема поради едногодишното отсуство поврзано со Пандемијата од коронавирусот. Уште само два дена од стартот на новата учебна година, а училишните врати овој пат ќе бидат отворени и за основците и за средношколците. Според препораките на Главниот кризен штаб, наставата со физичко присуство ќе се одвива со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи.

Пред влезот на училиштето на учениците ќе им се мери температура со безконтактен топломер, а доколку имаат температура над 37.4 нема да можат да влезат. Влез ќе биде дозволен само со заштитна маска и по дезинфекција на рацете за сите ученици и вработени во училиштето. Ова се само дел од правилата наведени во протоколот за постапување на средните и основните училишта за реализација на воспитно-образовниот систем, кој го усвои Владата на 24 август.

На влезот во училиштата, во училниците и другите простории треба да се постават средства за дезинфекција, заедно со едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедноста во училиштето.

Според протоколот за следење настава со физичко присуство, наставниот час ќе трае 40 минути. Малиот одмор се користи во траење од 5 минути меѓу часовите и голем одмор во траење од 15 до 20 минути. За време на одморите потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците. Исто така за време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително се спроведува чистење на училниците со вода и сапун, дезинфекциско средство и задолжително се проветруваат просториите.

Од Министерството за образование тврдат дека училиштата се целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и дека нема ниту одложување на почетокот на учебната година, ниту менување на моделот. Од таму апелираат на највисока одговорност од сите засегнати во образовниот систем.

Првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделковски, во изјавата за Нова ТВ изјави дека „синдикатот целосно ја поддржува наставата со физичко присуство, бидејќи, како што вели, треба целосно да и се верува на Комисијата за заразни болести за создадените услови за почеток на новата учебна година“.

– Не радува податокот дека досега се вакцинирани над 60% од вкупниот број вработени во училиштата. Тука се и оние кои го прележале вирусот, така што верувам дека наставниците и вработените се заштитени од вирусот, вели Неделковски.

Тој смета дека со добра организација и почитување на протоколите, може да се оддржи наставата со физичко присуство, додавајќи дека единствената дилема им е околу тоа дали во училишните клупи ќе седат по еден или двајца ученици.

– Доколку седи по еден ученик во клупа, тогаш ќе имаме проблем со капацитетот на училници, па учениците ќе треба да се делат во две гупи. За синдикатот е неприфатливо наставниците да работат дупло и да предаваат на двете групи посебно, бидејќи се докажало дека тоа е пренапорно и претешко, вели Неделковски.

Според него, прифатливо решение би било оние ученици кои би биле дома, да ја следат истовремено наставата која се одвива во училиште.

Од друга страна пак, Проф. Др. Никола Пановски за Нова ТВ вели дека малку е доцна за градење на стратегии во врска со организацијата на наставата во основното и во средното образование, бидејќи според него, ова што го читаме како препораки веројатно се осмислени уште во јуни, во смисла ако се влоши состојбата, ќе се премине на комбинирана настава што е ирелевантно ако и со таа комбинирана настава во еден клас седат 34 средношколци.

– Наставата треба да се одвива комбинирано , односно половина клас да посетува настава со физичко присуство две недели, а другата половина  следните две недели, па така ако има некој заразено од учениците, во изолација  да одат, пример ако е класот 34 ученици, 17 а не сите 34 ученици, вели Пановски.

Професорот Пановски, очекува и со есенската појава и на веќе одомаќинетите вируси кои исто така се манифестираат со висока температура, ситуацијата уште повеќе да се усложни. Во случај  ученик да развие температура и се потврди дека е од Ковид- 19, дали во излоација ќе одат сите ученици, независно што маските се задолжителни како и дезинфекцијата. Во вакви услови учебната година би траела една  недела, низ шега вели Пановски.

Тој се надева дека поголем дел од од учениците се вакцинирани па придонесуваат за неширење на вирусот , а дека дел го прележале од „ нога“  или се имунизирале со масовните посети на концертите што се организираа по летните диска и сцени пред се во нашите туристички места.

Според предвидените протоколи на МОН, доколку во училиштето се појави заболен од коронавирусот или лице кои имало контакт со лице заболено од вирусот, тогаш лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот е предвидено да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје.

Во меѓувреме пак, доколку ученик развие симптоми на коронавирусот додека е во училиште, наставникот или стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење заштитна маска и веднаш ги известува родителите или старателите, кои треба во најкратко време да го земат детето со консултација и понатамошни активности со матичниот лекар.

Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисијата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.

Ослободени може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини со дозвола на училиштето.

Слично решение побара и кризниот штаб на Општина Маврово и Ростуше, односно од надлежните побара наставата во основните и средните училишта во општината првиот месец од учебната година да се одвива онлајн, но засега се уште нема одговор на ваквото барање.

И.Р.

 

 

 

Мон и синдикат за физичка настава први септември физичка настава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.