Репортер: Славица Филиповска
Проблем со електронското внесување на одговори, оцена на знаење стекнато преку целата година само со триесетина прашања… Реформскиот проект за подобро образование предизвика револт кај дел од учениците кои денеска почнаа со полагање на предметите од екстерното тестирање. Екипата на Нова ТВ направи анкета во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Погледнете како дел од учениците поминаа на денешните тестирања.
Директорот на гимназијата, Драган Донев вели дека не е запознаен со проблемите при испитувањето. Сепак, признава дека ваквото системско оценување не почна да се спроведува како што треба.
Екстерното тестирање опфаќа околу 190.000 македонски основци и средношколци. Тие ќе одговараат на над 3.000 прашања од повеќе предмети, кои ги изучувале во текот на годинава, а кои на почетокот на мај годинава беа објавени на интернет страницата на Државниот испитен центар.




