Децата од битолското село Канино денеска не заминаа на училиште. Нивните родители ја бојкотираат наставата, револтирани од неоставрените ветувања на надлежните за изградба на ново училиште во селото јавува телевизија Телма. Тие велат дека нема да ги праќаат децата на настава се додека не добијат одговор од општината и Министерсвото за образование кога ќе започне изградбата на новото училиште ветено пред 2 години, кога санитарната инспекција стави катанец на старата училишна зграда, затоа што не исполнува услови за таа намена..
-Јас имам три деца, две одат на училиште, третот догодина ќе биде прваче. Ние сме единствено село што има деца а нема училште изјави Цвета Ристевска за Телема.
Секој ден, 13 деца од ова село со автобус заминуваат во соседното село Бистрица каде што ја следат наставата.
-Ни ветија дека во рок од една година ќе биде готово училиштето. Не една,
поминаа две години. Трпеливо чекавме, се надевавем, но веќе нема надеж и затоа децата не ги пуштаме на училиште, изјави Елена Димовска, родител.
-Старото училиште го зтворија, децата жално е во зима, во снег да патуваат во соседните села, изјави Стојан Костовски, жител на Канино
Од подрачнотот училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица велат дека ресорното Министерство одобрило средства за ново училиште во Канино, општината одредила локација, но, проектот пропаднал откако се јавил сопственик на земјиштето. Сега проблемот ќе се решава со реновирање на старата училишна зграда.
-Веќе се одлучивме за вториот план, да го реновираме горниот кат од Задружниот дом, каде порано беше сместено училиштето. Тука ќе добиеме две современи училници, со санитарни јазли. Денес или најдоцна утре ќе испратиме барање до Министерсво за образование и се надевам ќе ни биде одобрено, изјави Љупчо Стефановски,помошник директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица.
Но, токму заради лошите услови во старата училшна зграда родителите протестираа и пред две години. Таму освен училница, имаше селска продавница, кафеана и билијард клуб. Во зградата немаше струја, ниту санитарни јазли, а децата користеа ист полски тоалет со гостите во кафеаната. Санитарната инспекција го затвори учлиштето, а околу 200 жители во Канино добија ветување за нова училшна згрда, која се уште ја чекаат.




