Учениците од основните и средните училишта од денес се враќаат на настава, во второто полугодие од учебната 2016/2017 година.
Министерството за образование и наука, по предлог на Министерството за здравство, го продолжи распустот за два дена, кој наместо до 18, траее до 23 јануари, за да се спречи ширење на грип меѓу учениците.
Двата дополнителни дена распуст според најавите ќе се одработат во саботи во март и април за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни денови во учебната година.