Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 2020/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница.
Планот на Министерството за образование се базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во овој план, појасни Царовска, нудиме комбиниран модел на настава.
-На општините и училиштата им даваме можност да организираат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко присуство во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста.
Сепак, планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите, рече Царовска.
При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите и голем одмор од 15 минути.
Наставата ќе се изведува од 07 до 20 часот. Храна учениците треба да носат од дома, но доколку може да обезбеди училиштето таа треба да е спакувана. Учениците ќе бидат на дистанца со задолжително носење на маска.
Минiстерката ги повика сите директори на училишта кои смеатаат дека имаат услови да почнат со настава со физичко присуство на учениците, да достават барање до 10 септември.
Владата формира комисија која ќе ги проверува условите во училиштата и ќе одобруваат организирање настава. Царовска ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава.
– Ги повикувам општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат понудите и протоклите и комбинираната настава. Владата формираше комисија која ќе проценува како ќе се одвива наставата- рече Царовска.
Министерката објасни дека до 15 септември нема да се знае колку ученици ќе тргнат во училиште бидејќи ќе треба да се добијат најпрво барањата од директорите, па да поминат инспекциите и комисиите, па потоа да добијат дозвола за организирање настава со физичко присуство.