Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Училиштата во Србија почнуваат со настава на 1 септември со часови од 45 минути

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наставата во Србија ќе се одвива во три модели. Сè зависи од епидемиолошката состојба.

Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија денеска одлучи наставата во училиштата во Србија да се одржува регуларно од 1 септември и часовите да траат 45 минути, јави дописникот на МИА од Белград.

– Сакавме да излеземе во јавноста со сигурни информации токму поради важноста на оваа тема… Она што беше сигурно беше дека за нас е важно настават да започне нормално, учениците да не бидат поделени во групи и часовите да траат 45 минути, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ на прес –конференција.

Наставата ќе се одвива во три различни модели, во зависност од моменталната епидемиолошка состојба во училиштата.

Првиот модел – безбедна средина, сите ученици се на училиште во исто време. Децата седат заедно, носат маски само додека одговараат. Вакцинираните наставници не носат маска;

Втор модел – За учениците од 7 и 8 одделение, комбинирано како и минатата година. Разликата во споредба со претходната година е дека смената би се вршела на дневно ниво;

Третиот модел – Најзагрозените училишта, висок степен на ризик. Учениците и наставниците мора да носат маски, а часовите се изведуваат според комбиниран модел;

Кога станува збор за градинките, воспитувачите и децата засега не се обврзани да носат маски, додека не се појави ситуација во која детето или воспитувачката ќе се заразат. Тогаш се воведуваат мерки за заштита.

Во последните денови во Србија се бележи постојан раст на новозаразени со коронавирус . Повеќето се заразени со делта варијантата на коронавирусот.

Според официјалните податоците за последните 24 часа повеќе од 2.200 лица се заразени, а осум лица починале.

Директорката на Ковид болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави денеска дека клиничките слики на ковид пациенти сега се полоши отколку во сите претходни бранови и дека повеќе од 70 отсто од пациентите бараат кислородна поддршка.

Настава Србија училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.