Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола

На 09.03.2022 во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола, соопштија од МВР.

Од СВР Битола ни потврдија дека возилото удрило во коњ.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.