Денеска од попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина.
Оттаму велат дека за викендот времето ќе биде стабилно и топло, но во попладневните часови можда е појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Од понеделник попладне се очекува позбачителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор.