Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УХМР: Од ноќеска до понеделник обилни врнежи од дожд

0
By Нова ТВ on March 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 12, 2016 10:08

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска попладне најавува повремени врнежи од дожд во источните делови, кои во вечерните часови ќе се прошират низ цела територија на земјава, кои ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе бидат пообилни во јужните делови.

Од утре попладне до понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови, а до крајот на денот ќе се прошират низ целата земја. Поинтензивни врнежите ќе бидат во текот на ноќта, како и во недела преку денот. На повеќе места до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 л/м2 дожд.

Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Координативното тело за управување со кризи вчера упати препораки до локалната самоуправа и до градоначалниците, како и до Центарот за управување со кризи, ЕВН, МВР и АРМ, поради обилните врнежи од дожд што деновите се очекуваат во земјвата од 30 литри на квадратен метар.

Меѓу препораките се:

– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,

– да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,

– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,

– да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

– локалните самоуправи да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,

– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,

– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција

– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.

Во меѓувреме од АМСМ соопштија дека на повеќе патни правци има одрони поради што сообвраќајот е во прекин.

Најсериозна е состојбата на патот Кочани – Делчево каде има одрон со голема количина на материјал, , па како алтернативен правец се препорачува патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Од вчера од 17:00 часот општинскиот пат Долни Полог- Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Од вчера напладне на регионалниот пат Берово – Виница кај местото Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација, а се работи на негово расчистување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.