Управата за јавни приходи (УЈП) бележи пораст на приходите во споредба со изминатите неколку години и планот и за 2020 година, која беше година на пандемија, е исполнет, изјави директорката на инситуцијата, Сања Лукаревска во вечерашно гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М.

„Имаме раст на приходите. И во споредба со 2021 година и во споредба со 2020 година и во споредба со 2019 година. Многумина ќе прашаат зошто се споредувате со 2020 година, бидејќи таа беше година на пандемија на ковид-19, меѓутоа и тогаш имавме одредени состојби во буџетот. Имавме натфрлање на планот и кај добивката, и кај ДДВ-то и кај данокот на личен доход, плус она што значи исполнување на буџетот согласно критериумите“, рече Лукаревска.