Published: Thursday, September 19, 2013 16:05
Во врска со информациите изнесени во јавноста за зголемување на имотот на Гордана Јанкуловска во периодот од 2006 година, согласно податоците со кои располага Управата за јавни приходи ја информираме јавноста дека промените на имотната состојба на Гордана Јанкуловска и нејзиниот сопруг се уредно пријавени и станува збор за промени на имотна состојба која потекнува од оданочени приходи, стекнати преку банкарски заеми, соопшти УЈП.
Според УЈП согласно тековните приходи, пријавената купопродажба на имот, последната имотна состојба на сопружниците и другите податоци, со кои во овој момент располага Управата за јавни приходи, не постојат основи за сомневање за стекнување на имот од неоданочени приходи.




