До 15.март граѓаните треба да поднесат Годишната даночна пријава до УЈП, за дополнителниот приход кој го оствариле во текот на минатата година.
Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.
Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.