Последниот рок за инсталирање на фискални апарати со ГПРС уред е 31 јануари.
Според информациите на Управата за јавни приходи ваква обврска имаат околу 55 илјади даночни обврзници.
Голем дел од компаниите ја завршиле обврската, но има и такви кои не успеале да ги инсталираат овие уреди. Тие ќе заработат парична казна која се движи до 3.250 евра, а им се заканува и привремено затворање на објектите доколку не ја завршат обврската.
Инсталацијата на новите уреди чини меѓу 200 и 450 евра.
Од Управата за јавни приходи велат дека со промената на фискалните апарати ќе им се намалат трошоците на компаниите, но и дека ќе се елеминираат нелојалната конкуренција и досегашните злоупотреби, а ќе се подобри фискалната дисциплина.

