Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УКИМ формира Комисија за изборите, Давитковски ја напушти седницата

1
By Нова ТВ on July 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 4, 2016 10:53

Ректорската управа на УКИМ на вонредната седница која се одржа утринава по повод спроведените избори за претседател на Студентски парламент одлучи да формира петчлена Kомисија која ќе ги разгледа сите факти и докази за настанатата ситуација и ќе предложи заклучоци.

По денешната седница УКИМ одлучи да ги оцени изборите како скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот.

Тие го осудија секој вид на притисок врз студентите преземен од страна на кои било државни органи. Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за првенирање на слични состојба.

Прв предлог е итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.

Второ, преку овозможување на правен основ, Ректоркста и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Потоа, УКМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Сите овие предлози во форма на заклучоци кои ги донесе Ректорската управа беа на предлог на Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски. Она што Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците е предлогот на Давитковски, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање.

-Ние оттука мора да излеземе со некаков заклучок иначе зошто ја свикавме оваа седница, рече Давитковски, кој по презентирање на неговиот предлог-заклучок ја напушти седницата.

Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата.

celosniotpredlognadavitkovski
Целосниот предлог-заклучок на деканот на Правниот Факултет Борче Давитковски

На ист став се и членовите на Студенсткиот пленум кои велат дека дополнителни комисии кои ќе оценувата што точно се случило дента на изборите, нема да дадат никаков придонес. Тие бараат УКИМ веднаш да ги исклучи од своите редови студентските претставници на Сенатот и во наставно научните совети. Тие на денешната седница на видео бим покажаа снимки од полициската акција во текот на студентските избори, со што укажаа на каков начин биле третирани студентите кои укажале на нелегитимност.

-Ова беше скандалозно и сега веќе не ви се обраќам како декани и професори, Ви се обраќам како татковци, бидејќи секој ден од вас нам ни е татко. Во текот на она што го преживувавме во четвртокот тоа е неприфатливо не само за академската заедница, тоа е под човековото достоинство. Бараме УКИМ да не прифати студентски претставници избрани за вакви избори. Ова не е направено од некаков си туѓ интерес, ова е направено за ниту еден студент никогаш да не почувствува она што ние го почувствувавме. Бруталното исфрлање од полицијата бараме веднаш јавно да биде осудено. Вашите најдобри студенти, кои се бореа за Законот за високо образование, беа брутално тепани и малтретирани од страна на насилници за да кулминира со полициска бруталност. На ова не смеете да останеме неми, рече студентката Ивана Туфегџиќ.

Досегашниот претседател на Студентскиот парламент Кирил Спировски, пак, побара дополнителна шанса од Ректорската управа за да може и тој да прикаже видео докази за насилството и притисоците  кои тврди дека ги доживеал на денот на изборите од група студенти.

-Бидејќи ние не знаевме дека на ваков начин, со технички средства да обезбедиме докази да овозможите и ние да поднесеме докази. е упатува да го погледнете и официјалното соопштение на МВР за да се увиди вистината…Претседателот во заминување Кирил Спироски, т.е јас, бев брутално навреден, исплукан, и повреден со тврд предмет од неконтролирана група луѓе кога пробав да го напуштам објектот. Тие снимки не ги прикажуваат, каде што бев нападнат, човечкото достоинството, човековите мои права беа повредени, прегазени тој ден, рече досегашниот претседател на Студентскиот Парламент Кирил Спироски.

Сите докази од двете страни ќе бидат доставени до новоформираната комисија која ќе биде составена од петмина декани – членови на Ректорската управа кои ќе треба да донесат заклучок што точно се случило на денот на изборите.

Незадоволни од ваквиот исход, Пленумците на влезот на Ректоратот фрлија примероци од Етичкиот Кодекс за кој велат дека е целосно погазен.

eticki kodeks

Во меѓувреме, на прес конференција пред Ректоратот, и Професорскиот пленум побара вонредна седница на Сенатото на УКИМ, на којашто ќе се расправа за скандалозните студентски избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.