Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УКИМ ги охрабрува сите засегнати од сексуално вознемирување да го пријават истото

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Темата за сексуалното вознемирување, иако повеќе како табу тема, постои како проблем во секој аспект од нашето опкружување, но за осуда на таквите појави, мора првенствено соодветно да бидат пријавени, велат за „Локално“ од УКИМ за резултатите од истражувањето спроведено од студентите на Меѓународните интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Според институцијата, УКИМ обезбедува максимална заштита на своите студенти и вработени, со цел каков било тип на вознемирување воопшто да не се случува и токму затоа, сексуалното вознемирување е внесено во нашиот нов Етички кодекс и секоја негова форма е најстрого осудена и казнива.

 

„Ги охрабруваме сите кои се засегнати од каква било форма на сексуално вознемирување, да го пријават истото, со цел да се преземат соодветни мерки. Дополнително, на УКИМ има лица за прием на пријави од укажувачи, кои може да се однесуваат и на сознанија за извршени неетички дела, понатаму овластени лица за прием на пријави за корупција и овластени лица за претставки и предлози“, ни соопштија од таму.

 

Додаваат од УКИМ дека на сите засегнати, во обид за најбрзо и најсоодветно решавање на ваквите проблеми, им гарантира доверливост и безбедност и ги охрабрува своите студенти да пријават каква било форма на вознемирување до надлежните тела на нашата институција.

Ова следува откако истражувањето покажа дека еден од пет студенти или 21,3 отсто биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар како „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“. Еден од четири студенти или 26,2 отсто, пак, биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка, а на 15,6 проценти од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од студентите одговориле дека УКИМ „не ги штити“ и „воопшто не ги штити“ студентите од сексуално вознемирување.

„Многу сум скептична во однос на методолошката поставеност на тоа истражување. Тоа е голем процент и јас сум била студентка на овој универзитет и никогаш не сум била сведок на такво нешто. Можам од спротивната страна да зборувам за делот од нашиот менталитет и пристојноста на облекувањето на одредени студенти. Ние воопшто не сме ригорозни во однос на тоа“, неодамна изјави професорка од УКИМ за „Локално“ која сакаше да остане анонимна.

Таа потенцира дека е изненадена од резултатите од истражувањето.

„Истражувањето доаѓа од самиот универзитет. Не можам да го коментирам бидејќи не знам какви биле прашањата и како било спроведувано. Малку ми се вознемирувачки процентите на состојбите. Кога би било перфектно тоа истражување, јас на тоа би гледала како на општествен проблем, а не на проблем на УКИМ“, оценува професорката.

Извор/Локално

истражување сексуално вознемирување УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.