Апелацискиот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието.
Вељаноски беше во куќен притвор за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“.
Според изречената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје тој е осуден на 6,5 години затвор. Апелацискиот суд одлучуваше, откако беше поднесена жалба, па така судиите решиле на Вељаноски да му се одредат мерки на претпазливост според кои предвидено е одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.