Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинување на полицискиот час доколку продолжи да опаѓа бројот на заболени

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку продолжат истите позитивни трендови во врска со ситуацијата со ковид-19, по 15 јуни може да се очекува укинување на полицискиот час и да се дозволи организирање на други настани, како што се концертите. Во меѓувреме, се подготвуваат и протоколите.

Ваквите најави ги даде министерот за здравство Венко Филипче велејќи дека е одлична вест што последното деноноќие во Скопје не е хоспитализиран ниту еден нов пациент.

„Трендот е еднаков и во другите градови во земјата, нема притисок повеќе во инфективните одделенија. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани и концерти – тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци, за да се донесат соодветни протоколи. Што значи, ако продолжат овие бројки и трендови, после 15 јуни може да се очекува дополнително олеснување на рестриктивните мерки. Тука мислам на две работи, прво полицискиот час и второ препораките за организација на други настани“,рече Филипче.

На следниот состанок Комисијата за заразни болести е можно да го укине полицискиот час кој е на сила и движењето е забрането од полноќ до четири часот наутро. Министерот за здравство вели дека следниот состанок на Комисијата ќе биде пред 15 јуни, а ново олабавување на мерките веќе се подготвува посебно откако во изминатите 24 часа во скопските клиники не бил примен ниту еден нов заболен од ковид-19 .

заболени Ковид полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.