Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинување на ПЦР тестовите за некои операции, побарала Комисијата за заразни болести

0
By НОВА ТВ Balaban on May 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2022 13:51

Нема потреба од кревање паника во земјата поради мајмунски сипаници, а целта на Комисијата е да го подготви системот колку што е можно подобро за одговор на евентуална епидемија, рече д-р Мехмедовиќ.

Комисијата покажа загриженост затоа што имаме ширење на мајмунските сипаници во светот и тоа надвор од оние ендемични базени како што е Централна Африка и западна Африка. Светот и Светската здравствена организација и сите релевантни институции коишто ги следат заразните болести, покажуваат, исто така, одреден степен на загриженост во однос на тоа како се шират мајмунските сипаници, изјави по денешниот состанок д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. 

Комисијата денеска препорачала и да се укине задолжителното поседување на ПЦР-тест за некои операции во здравствените установи, и приложување само на брзиот антигенски тест. За таа намена, околу илјада антигенски тестови се на располагање на секоја ЈЗУ, каде има и резерви за граѓаните да не ги купуваат.

Тој нагласува дека сепак нема потреба од кревање паника во земјата поради мајмунски сипаници, а целта на Комисијата е да го подготви системот колку што е можно подобро за одговор на евентуална епидемија.

– На Комисијата денеска од тие причини  беа дискутирани и клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите коишто ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници, додаде д-р Мехмедовиќ.

Во врска со ковид-19, Мехмедовиќ рече дека нема потреба од дополнителни интервенции.

– Согласно податоците од Институтот за јавно здравје состојбата е стабилна, има намалување на неделната инциденца. Сметаме дека во насока на тоа како се во моментот предвидени мерките за заштита, дека нема потреба од дополнителни интервенции кои што би требало да направат одредени измени во начинот со кој се контролира трансмисијата на вирусот, вели Мехмедовиќ.

 

 

комисијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.