Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинувањето на бугарското вето треба да биде врвен приоритет за ЕУ, велат европските Зелени

0
By Нова ТВ on December 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што го прави Бугарија околу прашањето за пристапувањето на Македонија во ЕУ е опасен преседан кој го нарушува кредибилитетот на Унијата во регионот и ја загрозува политичката стабилност во државата, вели пратеничката група на европските Зелени во Европскиот парламент. Во соопштението потпишано заедно од Тинеке Стрик,  портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија, и Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на Зелената партија ДОМ, се вели дека „сите земји-членки, Европската комисија и Европскиот парламент треба да извршат максимален притисок врз Бугарија за да се откаже од своето вето и да се обезбеди прогресивно продолжување на процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“

Во реакцијата се наведуваат сите етапи од процесот на приближувањето на Македонија кон ЕУ, како и блокадата на Грција, барањето на Франција и Холандија за усвојување на новата методологија, а сега и ветото на Бугарија. И се нагласува дека Македонија во ниеден момент не се откажала или поколебала од својата европска перспектива.

„Лидерите на ЕУ треба да сфатат дека играат многу опасна игра со проевропската поддршка и со политичката стабилност на Северна Македонија. Кога ЕУ не го исполнува ветувањето, други странски актери ќе се активираат и ќе го зголемат своето влијание во земјата, тренд што е веќе видлив во целиот регион на Западен Балкан.

Земјите од регионот внимателно го следат процесот во Северна Македонија и сегашното вето поврзано со билатерално прашање. Допуштањето националните интереси на една земја-членка да надвладеат над официјалните критериуми за пристапување, може да претставува лош преседан за сите регионални земји-кандидати за интегрирање во ЕУ. Тоа го поткопува и кредибилитетот на ЕУ и мотивацијата на земјите да се вклучат во процесот на пристапување. На Европа ѝ треба успешен процес на пристапување на земјите од Западен Балкан, доколку сака регионална стабилност и одржлива иднина за младите генерации. Особено Бугарија, со оглед на нејзината географска положба, треба да сфати дека е меѓу првите што имаат полза од стабилноста во регионот на Западен Балкан.

Затоа, укинувањето на бугарското вето треба да биде врвен приоритет за ЕУ. Досега, притисокот на јавноста врз Бугарија беше само од страна на Европскиот парламент и тоа на иницијатива на Зелените. За да предизвикаат вистинска акција, на земјите-членки и на Европската комисија ова прашање треба да им биде приоритет и да го отворат патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.