Утринава од Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов потврди дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност , по што починал за кусо време.
Веднаш потоа, неговите најблиски заедно со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и заедно со креветот го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го однеле дома.
Вработените во болницата не можеле да направат ништо, бидејќи се работело за поголема група луѓе и не сакале да предизвикаат инцидент, но случајот е пријавен во полиција.