Три вооружени лица синоќа ограбија филијала на Националната банка на Грција во Дистому, во централниот дел на земјата.
Од банката биле украдени 300.000 евра, при што еден вработен бил земен како заложник, кој подоцна бил ослободен.
Крадците побегнале на Ксилокастрос на Пелопонез, каде го ослободиле заложникот.
Полицијата трага по крадците на Пелопонез, а припадниците на крајбрежната стража го пребаруваат и Коринтски Залив.