Во магацинот на охридската полиција се чувале патрони за солзавци дури од далечната 1950 година со употребна вредност до седумдесетите години, велат полициски извори од истрагата која е во тек откако во саботата во објектот лоциран во старата касарна во Охрид биле украдени солзавци и други предмети кои биле предвидени за расходување.
Освен солзавци биле украдени и шок бомби какви што сега не се користат, а кои досега не биле расходувани.
На нашето прашање зошто некој би украл неупотреблива и застарена опрема и зошто досега не биле уништени нашите извори велат дека тоа треба да го открие истрагата што ја води надлежен обвинител од охридското обвинителство.
Кражбата, како што ни објасни портпаролот на охридската полиција била пријавена во 12.30 часот во СВР Охрид пред три дена по што веднаш бил известен и јавен обвинител.