Published: Monday, November 11, 2024 22:43
Наредена е задолжителна евакуација за уште 10 села во областа Харков во источна Украина поради напредувањето на руските војници, соопшти денеска гувернерот Олег Синехубо.
Гувернерот за украинска телевизија објасни дека непријателот постојано ги гранатира цивилните населби во погодените области околу селото Борова на источниот брег на реката Оскил.
Слични наредби беа издадени претходно за населбите лоцирани посеверно, во регионот на Купјанск.
Од 10 септември досега се евакуирани околу 6.500 луѓе, меѓу кои и околу 500 малолетници.




