Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина го прослави Денот на независноста со воена парада

0
By Нова ТВ on August 24, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 24, 2014 11:18


На воената парада во главниот град на Украина учествуваа најмалку 1500 војници, проследени со оклопни возила и камиони со ракетни системи. Во кусиот говор, украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека земјата не сака војна, јавува Дојче веле.

„Ние сакаме мир!“, нагласи тој.

Воената парада, во близина на плоштадот Мајдан, каде во текот на зимата имаше демонстрации за интеграција на земјата во Европа, ја следеа голем број граѓани. Улицата Крешчатик е свечено украсена во сино и бело, боите на нацијата. На парадата во Киев се гледа како на демонстрација на сила во конфликтот на прозападната влада и проруските сепаратисти.

Парадата, поради крвавите борби на истокот на земјата во време на финансиска криза не е неспорна. Но, се работи за „гест на поддршка на нашите единици кои се борат на исток“, а не за победничка парада, изјави Андреј Лисенко од Советот за безбедност на Украина.

Воена парада е планирана и во пристанишниот град Одеса. Во меѓувреме, во тешки борби во Доњецк од гранати е оштетена една болница и една мртовечница во градот. Засега нема податоци за жртви.

Сепаратистите соопштија дека во контраофназива опколиле околу 5000 припадници на украинската армија и 30 тенкови, но засега нема потврда за такво нешто од независни извори.

Вчера, германската канцеларка Ангела Меркел во Киев побара „двостран прекин на огнот“ за да се стави крај на конфликтот во Украина.

Во услови на бес на Запад по инвазијата на рускиот конвој, германската канцеларка Ангела Меркел се сретна во Киев во сабота со украинскиот претседател Петро Порошенко.

На заедничката прес-конференција, Меркел изјави дека не може да се отфрлат понатамошни санкции против Русија, доколку нема напредок во решавањето на ситуацијата во источниот дел на Украина.

Во меѓувреме, Украина ќе добие кредит од 500 милиони евра од Германија, изјави канцеларката Ангела Меркел во Киев.

Парите ќе бидат искористени да помогне во обновата на оштетената инфраструктура на земјата, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со претседателот Петро Порошенко, во украинскиот главен град во сабота.

Уште 25 милиони евра ќе одат кон помагање на бегалците, рече таа.

Четири месеци од борбите во источна Украина загинаа повеќе од 2.000 лица. Повеќе од 330.000 луѓе ги напуштиле своите домови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.