Украина и Еу го ратификуваа Договорот за асоцијација известува Дојче Веле.
Претходно, украинскиот парламент усвои закон со кој конфликтното подрачје во источниот дел од земјата ќе добие посебен статус.
Украинскиот претседател Петро Порошенко се пофали со Договорот како прв чекор на неговата земја кон ЕУ.
„Денеска ја избираме европската иднина, а оваа одлука е силна и решавачка“, изјави претседателот на украинскиот парламент Oлександер Турчинов пред гласањето.
Со цел да стапи во сила Договорот, тој мора претходно да се прифати од сите ЕУ-членки. Но, Русија е против Спогодбата за слободна трговија, кој е дел од Договорот и најави повеќе барања за промени.
За да се намали тензијата и да ѝ се направи отстапка на Москва, Спогодбата за слободна трговија ќе стапи во сила дури од 2016 година. Договорот требаше да биде потпишан уште на крајот на минатата година, но тогашниот шеф на државата Виктор Јанукович го стопираше процесот и се сврте кон Русија.
Стапувањето во сила на Спогодбата за слободна трговија беше одложено за крајот на 2015 година, поради критиките од страна на Русија.
Денеска се реши и состојбата со учесниците во настанот во Донбас. Украинскиот парламент го усвои законот за амнестија на учесниците во настаните. За законот гласаа 287 пратеници со минимално неопходни 226 гласови.
Поднесените предлог-закони од страна на Порошенко вклучуваат самоуправа на источноукраинските територии околу Доњецк и Луганск, контролирани од проруските сепаратисти, предвремени локални избори во тие региони и амнестија за сите учесници во конфликтот.