Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина и Русија велат дека и пред разговорите во Абу Даби територијалното прашање останува нерешено

0
By Zoran Ivanov on January 23, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 23, 2026 08:19

Русија и Украина кажаа дека територијалните прашања остануваат нерешени во пресрет на средбата на американски, руски и украински преговарачи во Абу Даби. По четиричасовната средба на Владимир Путин со Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва, Кремљ потврди дека руски функционери ќе учествуваат во разговорите.

Тоа ќе биде прва средба на трите земји од почетокот на војната во февруари 2022.

Русија ги опиша разговорите во Москва како многу корисни, но нагласи дека траен мир не може да се постигне без да се решат територијалните прашања.

Додека тоа не се постигне, Русија ќе продолжи да ги следи целите на специјалната воена операција. Русија е искрено заинтересирана за дипломатско решение, но без решавањето на територијалното прашање според формулата договорена на Алјаска, нема надеж за постигнување долгорочно решение, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Јури Ушаков.

По разговорите со Доналд Трамп во Давос, Володимир Зеленски кажа дека е постигнат договор за американските безбедносни гаранции за Украиина, но идниот статус на источна Украина останува нерешен.

Сè е околу земјата. Ова прашање сè уште не е решено. Русите мора да бидат подготвени за компромиси, не само Украина, рече Зеленски.

Најболното прашање останува барањето на Русија дека Украина мора да ги предаде преостанатите 25% од регионот Доњецк што и натаму ги контролира.

Украинската делегација во Абу Даби ќе ја предводат Рустем Умеров, шефот на Националниот совет за безбедност и одбрана и Кирило Буданов, шефот на кабинетот на Зеленски, а руската страна ќе ја застапува Игор Костјуков, директорот на воената разузнавачка агенција ГРУ.

Минатиот месец, Зеленски кажа дека американскиот мировен план од 20 точки е 90% подготвен и дека украинскиот став за Донбас е различен од рускиот. Тој предложи повлекување на украинските и руските трупи со цел да се создаде слободна и демилитаризирана економска зона во Донбас.

 

Абу Даби Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.