Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека спровело нова размена на воени заробеници со Украина, како дел од договорот постигнат со Кијив на почетокот на јуни за време на преговорите во Истанбул.
Иако Русија и Украина досега неколкупати разменија затвореници, договорот од Истанбул не доведе до напредок во решавањето на конфликтот, кој трае од 2022 година.
Министерството соопшти дека денеска нова група руски војници се вратила од територијата контролирана од Кијив, но не прецизираше колкумина биле ослободени.