Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина назначи нов главен истражител за борба против корупцијата

0
By Соња Крамарска on March 6, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина денеска назначи нов главен истражител за борба против корупцијата, завршувајќи го повеќемесечниот процес што внимателно го следеа западните сојузници.

Европската Унија бара од Киев да и даде приоритет на борбата против корупцијата доколку сака да и се придружи и смета дека назначувањето на нов директор на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) е важен чекор во таа насока.

Во јуни минатата година Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ, четири месеци по почетокот на руската инвазија.

Семен Кривонос, досегашен раководител на Државната инспекција за архитектура и урбанизам е избран за седумгодишен мандат. НАБУ е едно од неколкуте тела формирани во последниве години со цел борба против корупцијата.

„Нашиот тим е посветен на принципот на нулта толеранција кон корупцијата и поддршка на институциите за борба против корупцијата“, рече премиерот Денис Шмихал на вонредната владина седница, на која беше потврдено неговото именување.

Украина е рангирана на 116-то место од 180 земји според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал.

НАБУ иницира истраги за сомнителни случаи на корупција, заедно со Канцеларијата на Специјалното обвинителство за антикорупција, и ги испраќа случаите до Високиот суд за сузбивање корупција.

Агенцијата соопшти дека во втората половина од минатата година издала повеќе официјални заклучоци за сомневање за корупција, дури 149, отколку во цела 2021 или 2020 година.

Извор: МИА

Корупција Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.