Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Не се гласаше за доверба на Владата, протестите продолжуваат

0
By Нова ТВ on December 3, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2013 14:42


Денеска беше одбиено барањето на опозицијата да се гласа за доверба на Владата во Украина, бидејќи опозицијата собра 186 гласови наместо потребните 226. Премиерот Азаров вети дека ќе ја реконструира Владата и се извини за бруталната акција на полицијата над демонстрантите.

„Сакам да се извинам во име на Владата за постапките на нашата полиција на Плоштадот на независноста“, изјави премиерот Микола Азаров.

За гласањето за недоверба на Владата се произнесоа трите главни опозициски партии, кои бараа оставка од Азаров.

На дебатата, претставниците на опозицијата извикуваа „срамота“ и „револуција“ за време на говорот на пратениците од редовите на владејачката партија.

„Срамота за вашиот Претседател и срамота за вашата Влада“, извикуваше пратеникот од најголемата опозициска партија, Арсениј Јацењук, додека илјадници демонстранти ја окупираа зградата на Парламентот, барајќи промена на Владата.

Одлуката на претседателот Јанукович минатата недела да не го потпише договорот за економска и политичка соработка со ЕУ, во името на Царинската унија со Русија, беше причината за илјадниците демонстранти на улиците во Киев.

За време на протестите викендов, демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец и шок-бомби, но протестите сеуште траат.

Рускиот претседател Владимир Путин, ги окарактеризира немирите во Киев како обид на опозицијата да ја разниша легитимната власт со добро подготвени акции однадвор.

Путин додаде дека по се, изгледа дека демонстрантите се „многу добро подготвени и обучени милитантни групи“.

Неодамна, за „Euronews“, Тамара Гузенкова, специјалист за проблемите на поранешните Советски земји, и заменик-шеф на Рускиот институт за стратешки студии во Москва, објасни дека проблемот во Киев лежи во тоа како да се изградат односи со земја која се интегрира со друга унија, додека истовремено има доста блиски економски соработки со земја која не се интегрира со ЕУ.

Гузенкова напомена дека на Украина треба да и се даде време, и сега треба да настане период на смиреност, без заеднички пристап како што тоа се прави сега –да се дискутира за проблемот посмирено, и да се најде време да се седне и преговара, да се мисли како Украина, која е многу голема земја, може да избегне банкрот, за да одбере најдобар можен начин да се развива геополитички и економски.

видео: JewishNewsOne

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.