Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина планира да произведе еден милион дронови што пренесуваат слика во живо

0
By Marta Pesevska on December 20, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина планира да произведе еден милион беспилотни летала што пренесуваат слика во живо (дронови со поглед на прво лице (FPV) следната година, изјави денеска министерот за стратешки индустрии Олександар Камишин, цитиран од ДПА.

Камински истакна дека за споредба бројката за овој месец е 50 илјади.

Овој тип на беспилотни летала е широко користен на линијата на фронтот, забележува ДПА. Украина интензивно користеше вакви беспилотни летала, првично наменети за приватна цивилна употреба, но модифицирани за потребите на бојното поле, уште од првите денови по целосната руска инвазија на земјата на 24 февруари минатата година.

Потоа, Русија, исто така, почна да ги користи овие евтини, но ефективни средства за извидувачки мисии и рации. Се верува дека веќе има многу повеќе беспилотни летала за пренос во живо од Украина, соопшти ДПА.

„Сите производствени капацитети се подготвени и склучувањето на договорите за 2024 година започна“, резимира на Телеграм украинскиот министер за стратешки индустрии.

Камишин објави дека Украина планира да произведе над 11 илјади ударни беспилотни летала со среден и долг дострел следната година. Меѓу нив има најмалку илјада беспилотни летала со домет од над илјада километри.

Украина работи на зголемување на сопственото производство на оружје со цел да обезбеди стабилни набавки и да не се потпира исклучиво на помошта од партнерите, како и да ја стимулира националната економија.

Извор: МИА

Дронови Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.