Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина уапси функционери и бизнисмени – за личен ќар испорачувале неисправни гранати

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канцеларијата за домашна безбедност на Украина вчера објави дека привела четворица осомничени по истрагата за испораката на 120.000 неисправни минофрлачки гранати на бојното поле. Службата за безбедност на Украина, позната и како СБУ, на „Телеграм“ напиша дека меѓу уапсените има воен службеник, офицер за контрола на квалитетот и двајца директори на компанија за производство на одбрана.

Според „Бизнис инсајдер“ ова се случува шест месеци откако украинските медиуми објавија поплаки од некои војници од првата линија дека нивните минофрлачки гранати од 120 милиметри не испукале или експлодирале.

Во видеото кое стана вирално во ноември, еден војник вели дека само една од десет гранати испукани од фрлачот биле ефективно детонирани. Во тоа време, украинските новинари објавија дека до 100.000 гранати ќе бидат деактивирани.

СБУ соопшти дека истражувала одбранбен објект во регионот Днепропетровск, дом на клучниот град Днипро, и открила дека четворицата уапсени лица заговарале да „испорачаат неисправни минофрлачки гранати на бојното поле.

За сериско производство, осомничените користеле неквалитетни материјали и вршеле лоша изработка, што предизвикало откажување на главниот запалувач и нестабилна функција на целото полнење на барут, се вели во соопштението на СБУ.

Безбедносната служба не ги објави имињата на уапсените, но ги обвинува сите за заговор за „намалување на трошоците за производство со цел да го зголемат сопствениот профит“.

СБУ тврди дека воените службеници и службениците за контрола на квалитетот „намерно ја игнорирале“ неисправната муниција и фалсификувале документација за да ја прикријат измамата.

Како резултат на тоа, 120.000 неупотребливи гранати пристигнале на бојното поле, се додава во соопштението.

Доколку бидат прогласени за виновни, четворицата уапсени се соочуваат со затворска казна до 15 години, според СБУ.

Артилериската муниција е особено важна за украинската одбрана. Едно од најитните прашања за Кјив е недостигот на расположливи војници, па се разгледува можноста за намалување на старосната граница за регрутирање на 18 години.

 

профитери уапсси Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.