„Чувајте ги барикадите, но бидете мирни дека не завршат разговорите“, им порачал поранешниот светски првак во бокс. Виталиј Кличко на демонстрантите во Украина, која се наоѓа на работа на граѓанска војна.
Опозицијата му постави ултиматум на претседателот Виктор Јануковиќ во рок од 24 часа да распише предвремени избори, а во спротивно ќе се соочи со уште пожестоки протести. Меѓутоа премиерот Азаров изјави дека власта не го прифаќа ултиматумот, туку се за конструктивен договор со опозицијата.
Во досегашните протести загинаа четворица демонстранти, од кои двајца беа убиени од полицијата.
На улиците на Киев денеска излегоа десетици илјади луѓе кои од запалени гуми направија барикади против полицијата, а центарот на украинската престолнина е обвиен од чад поради гумите кои демонстрантите не престануваат да ги палат. На различни места повремено избиваат помали судири, а демонстрантите фрлаат со камења по полицијата.