Најмалку тројца цивили загинале денеска во воздушните напади на украинските сили врз упориштето на бунтовниците Доњецк, соопштуваат официјалните лица, додека пак луѓето од блиското село Горловка пренесуваат дека се убиени 33 убиени и 129 се ранети во изминатите денови.
Украинската војска јави дека загубила 18 војници во текот на изминатото деноноќие, додека пак ранети се 54.
Бројот на жртвите расте додека украинските војници и проруските сили се борат за контрола над неколку градови на истокот на земјата, а Западот изразува загриженост за трупањето на руска војска на границата со Украина.