Кијив: Украинските сили успешно лоцираа и уништија еден од најнапредните руски противвоздушни ракетни системи, Бук-М3, чија вредност се проценува на 45 милиони долари. Веста беше објавена синоќа од копнените сили на украинската армија, пишува „Киев Индепендент“.
Според военото соопштение, прецизниот удар бил извршен на неодредена локација од страна на украинската бригада „Црна шума“. Бригадата, исто така, сподели видео од операцијата, но „Кијив Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата. Линк
.

