НАТО ќе одржи ургентен состанок да дискутира за кризата во источна Украина, откако Запад ги зголеми обвинувањата за директна руска вмешаност во конфликтот.
НАТО во четвртокот објави сателитски снимки и кажа дека ги покажуваат руските сили во Украина, како и тоа дека повеќе од 1.000 војници работат таму.
Од друга страна, Русија демантира дека испраќа војници во Украина.
Обвинувањата доаѓаат откако про-руски бунтовници победуваат во конфликтот. Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во месеците на конфликт.
Тешки борби продолжуваат близу стратешкото пристаниште во Мариупол, на Азовското Море. Бунтовничките сили се обидуваат да го заземат градот, но украинските трупи се уште даваат отпор.
Во четвртокот сепаратистите го зазедоа југоисточниот крајбрежен град на Новоазовск и се известува дека ги опкружила владините војници во неколку места.