Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека во петок точно во 11 часот по средноевропско време ќе прогласи примирје во источниот дел од државата. Единствен услов за тоа е најавениот состанок на Контакт-групите во Минск за пронаоѓање решение за конфликтите да се одржи во петок. Својата одлука Порошенко ја презентираше на крајот од самитот на НАТО во Велс.
Но, според неофицијални извори борбите помеѓу украинските и проруските вооружени сили не стивнуваат. Известувачи кои приуствуваат на местата каде се водат битки објавиле фотографии во кои се гледаат превртени и во пламен украински возила.
Од друга страна, се појавија информации дека украинското воено воздухопловство ги бомбардира руските трупи во источните делови на Украина. Притоа, се мисли дека украинските сили дознале за положбата на руските трупи со помош на шпионски активности.
Претседателот на Русија, Владимир Путин и Порошенко преку телефонски разговор размениле мислења за состојбата во Украина. Официјално, Киев објави дека двете страни се договориле за условите за примирје на што Кремљ се спротивстави. По ова, Украина ги одби предлозите на Путин.

