Published: Thursday, March 3, 2022 08:12
Украинската војска утрово објави дека руските сили и натаму се неуспешни во насоките во кои дејствуваат и дека Мариупол, град на југот на земјата, е во нејзини раце.
Мариупол, кој со денови е цел на интензивно гранатирање, се смета како клучен за Русите. Во случај да го освојат, тоа ќе значи и спојување на нивните трупи на југот и истокот на Украина.




