Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската полиција се повлече од плоштадот во Киев

0
By Нова ТВ on December 11, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Специјалните единици на украинската полиција денеска се повлекоа од Плоштадот на независност во Киев од кој изутрината беа растерани антивладините демонстранти.

Репортерот на агенцијата Франс прес јавува дека припадниците на полицијата со автобуси го напуштиле плоштадот.

Тие предходно зазеле една третина од главниот градски плоштад, но биле истуркани од илјадниците демонстранти, чиј број се зголемува.

Полицијата со пендреци ги тепаше демонстрантите пред општината, а опозицијата низ прозорците од општинската зграда ги полеваше со течност од противпожарните апарати.

После тоа полицијата се откажа од обидот да ја заземе општинската зграда каде набрзо стигнале уште илјадници демонстранти.

Минатата ноќ припадниците на единиците за разбивање на демонстрации изведоа јуриш врз демонстрантите во Киев и повредија голем број луѓе. Опозицијата потоа најави дека на улиците во Киев ќе излезат „милиони“ противници на претседателот Виктор Јануковиќ.

Како што јавува АП, демонстрантите извикувале „Срамота“ и „Ќе издржиме“ и ја пееле националната химна.

Американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд го посети утрово плоштадот „Независност“ во Киев, каде се уште беа собрани илјадници опозициски демонтранти, на кои им делеше сендвичи. Нуланд притоа разговарала со дел од демонстрантите, а со некои од нив и се гушкаше.

Дали сте во оваа област? Дали сте учествувале во протестите? Споделите ги вашите коментари, фотографии и видео со нас- нашата интернет адреса е tvnovaweb@gmail.com.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.