Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинскиот амбасадор во РМ: Во мојата земја победи народот

0
By Влатко Чаловски on February 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 25, 2014 15:57


Според украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, народот е тој кој победил по смртоносните протести кои започнаа во ноември минатата година а завршија со договор помеѓу поранешниот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата ноќта помеѓу 20 и 21 февруари годинава.

– Народот, и тоа праведно, победи во Украина. Но, додека тоа го постигнавме, Украинците платија многу голема цена. Иако многумина посакуваат мојата татковина да се подели, тоа нема да се случи. Новата влада, првично ги најави новите насоки кон кои ќе се стреми, а тие се обновување на државата, воспоставување на редот и мирот, заштита на човековите права и борбата со организираниот криминал и корупцијата, изјави денеска амбасадорот Јуриј Гончарук пред новинарите.

Гончарук на средбата забележа дека некои медиуми во Македонија не известувале професионално за тоа што се случувало на плоштадот Мајдан во Киев, а веројатноста за тоа ја посочи во немањето дописници и информирањето преку руски медиуми, кои за неговиот народ кој се борел за подобра иднина, велеле дека се банда криминалци.

– Во Киев се зборува руски, но многумина говорат и украински. Народот не направи разлика кој на каков јазик говори, сите беа сплотени и заедно се изборија за тоа што го имаат денес. Можам да кажам дека нашиот светски познат боксер Виталиј Кличко имаше голема улога во сето ова, но тој докажа дека не е само за боксот, туку е способен и за многу поголеми нешта. Според последните најави од Киев, Тимошенко не планира да се кандидира за претседател или премиер на Украина, но таа е доста моќна личност во нашата држава, рече тој.

Украинскиот амбасадор во Македонија, образложи дека новата власт има голема поддршка од западните земји и од САД и очекува наскоро да се стабилизира земјата, вклучувајќи ја и економијата.

Во Украина, според амбасадорот Гончарук има околу 4.500 македонски државјани и сите се добро.

– Ќе ве изненади податокот според кој во 2012 година во Македонија престојувале тројно повеќе Украинци, отколку што има ваши државјани кај нас. Многу мои сонародници сакаат да дојдат како туристи во оваа прекрасна држава, изјави тој на новинарско прашање.

Воедно, Гончарук напомена дека Македонија за време на тешките времиња во Украина била поддржувач на демократијата, и секогаш барала на мирен начин да се смири ситуацијата низ улиците во Киев.

Тој информираше дека утре од 10 до 12 часот и од 13 до 16 часот ќе биде отворена книга на жалост во Амбасадата на Украина во Скопје, за македонските граѓани да можат да им оддадат последна почит на приближно осумдесетина загинати во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.