Украинските владини војници велат дека им се спротивставиле на нападот од страна на про-руски бунтовници на аеродромот во Донецк , јавува Би-Би-Си.
Целото утро во сабота се слушало огнено оружје од оваа област, контролирана од страна на владините сили и покрај победите на бунтовниците во остатокот од источниот град.
Дописниците јавуваат дека новите насилства се голем предизвик за кревкиот прекин на огнот на кој се согласија двете страни на 5 септември.
Во меѓувреме, украинскиот премиер Арсениј Јаценук ја обвини Русија дека сака да ја “елиминира” на неговата земја.
Тој изјави дека Украина е “во фаза на војна”, а “клучен агресор” е Русија.
Г-дин Јаценук рече дека целта на рускиот претседател Владимир Путин “е да се земе цела Украина”, додавајќи дека НАТО е “единствено средство ” кои би можело да ја заштити неговата земја.