Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинско арт сценарио во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ

15
By Нова ТВ on June 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2016 15:44

Никола Груевски под рака со сопругата Боркица, придружуван од тесното партиско раководство. Сите во лежерна варијанта. Лидерот отпоздравува, а млади и стари отстрана воодушевено го гледаат. Ова е амбиентот отсликан во една од уметничките слики кои наскоро ќе висат на ѕидовите во новото партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ.

umetnost 6

Извори блиски до раководството на владејачката партија кои сакаа да останат анонимни, до редакцијата на НОВАТВ доставија фотографии од уметничките слики кои наводно за партијата ги изработуваат украински и бугарски автори. Дел од овие автори биле ангажирани и на изработката на сликите и масивните сцени поставени во Музејот на македонската борба и во други објекти од проектот Скопје 2014.

На друга слика повторно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски е во центарот на вниманието, опкружен од неговите сопартијци и братучедот Сашо Мијалков, а во позадина реки народ. Според оригиналните снимки и фотографии од митинзите со кои ја споредувавме уметничката слика, со некои измени, е правена според фотографија од митинг на плоштадот во Скопје.

umetnost 1

Груевски меѓу народ, па Груевски на говорница. Во позадина – Македонија има сила. Тоа е мотивот од друга слика, која ќе биде закачена на ѕидовите во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

umetnost 3

Иако поранешниот лидер на партијата Љубчо Георгиевски и сегашниот водач се закрвавени политички непријатели, сепак во партиското седиште ќе има спомени и од екс премиерот Георгиевски. На едната слика е Георгиевски заедно со коалициониот партнер од тогашна Демократска алтернатива Васил Тупурковски и членови од двете партии, но секако и Груевски, кој тука е млад министер за трговија во Владата.

umetnost 2umetnost 5

На шестата фотографија најверојатно е отсликано предавањето на партијата од старото на новото раководство. Од една страна седат поранешните аболирани државни функционери Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер. А, спроти нив се Ден Дончев, Борис Змејковски и Војо Михајловски.

umetnost 4

Според информациите на НОВАТВ, нарачани се над 50 уметнички слики со позлатени рамки. Најголема, со огромни димензии четири метри на осум метри, ќе биде фамилијарниот портрет на екс премиерот Груевски, заедно со сопругата Боркица, двете ќерки и неговата мајка Нада. Според изворите на НОВАТВ опремувањето на седиштето чини повеќе милиони евра. Надлежен за визуелниот дел и како да изгледаат сликите бил генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кој им давал сугестии на авторите.

НОВАТВ ги побара авторите на уметничките слики и портпаролот  на партијата Иво Котевски. Со него сакавме да ги провериме инфромациите дека набавката на сликите се одвивала преку постоечки набавки за државни институции, но и покрај тоа што добивавме известувања дека нашите пораки се прочитани, тој не одговораше на нашите пораки ниту повици.

Новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ е сместен во строгиот центар на Скопје. Зградата која лани во јуни беше завршена со градба, на местото на старото седиште, вреди неколку милиони евра. Именувана е „Палата д-р Христо Татарчев“ по првиот претседател на Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и еден од нејзините основачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.