Почнуваат активностите во сеќавање на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески по повод  14 годишнината од загинувањето во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Република Хрватска.

Станува збор за Ултрамаратонот кој во чест на Тоше се трча и оваа година. Ултрамаратонците на 16 октомври напладне, е предвидено да стигнат во родното Крушево на Тоше и на неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.

Пет ултрамаратонци се веќе во Хрватска и денеска, околу 17 часот ќе го почнат симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка. Останатите 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумење ќе го започнат утре, од граничниот премин Табановце, преку Скопје се очекува да стигнат до Крушево на 16 октомври .

Крушевчани ултрамаратонците ќе ги дочекаат со црвени рози.