Сеизмографите на сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа ноќеска на полноќ и 39 минути умерен потрес со епицентар во околината на Јаблановац кај Загреб.
Според податоците на Европската сеизмичка агенција потресот бил со интензитет од 3,1 степен и на длабочина од 10 километри.
Магнитудата на потресот, според податоците на Геодетскиот одсек на ПМФ, изнесувала 2,7 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот достигнал 4 степени на Меркалиевата скала, што според карактеритиките занчи дека „прозорските стакла и стаклените предмети звечкаат како да поминал некој тежот теретен автомобил“.
Како што наведува агенцијата Хина, потресот го почувствувале граѓаните на Јаблановац, околните места, делови на Загреб и Сомбор.