Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметничка инсталација во центарот на Скопје повикува на крај на говорот на омраза

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во урбаниот простор на Скопје на познатата локација на малиот сквер кај Ким е поставена нова уметничко-активистичка интервенција со наслов „Исклучи го говорот на омраза“. Централниот објект на акцијата се состои од огромен прекинувач со димензии 100x200x150 см, симболично претставен како копче кое граѓаните треба да го притиснат за да го исклучат говорот на омраза.

Сепак, исклучувањето на говорот на омраза не е така лесна задача во реалноста и затоа акцијата ја симболизира неможноста лесно да се ослободиме од говорот на омраза. Токму заради тоа  копчето е заштитено со дрвена ограда обвиткана со бодликава жица, што ја нагласува тешкотијата и невозможноста да се постигне оваа цел поради пречките што ги создаваат оние кои го шират говорот на омраза. Дополнителна симболика носат и силуетите на „чувари“ – фигури на војници наредени околу прекинувачот, секоја носејќи натпис со имиња на најчестите „сејачи“ на омраза: политички партии, екстремисти, социјални мрежи, квази-медиуми и други.

Со оваа акција, уметниците и активистите упатуваат порака дека иако граѓаните имаат волја и желба да го исклучат говорот на омраза, системските бариери и интереси на „чуварите“ го прават овој чин речиси невозможен. Инсталацијата ја отсликува реалноста во која живееме – борбата против говорот на омраза не е едноставна, таа бара обединетост, солидарност и јавен притисок.

Поставувањето на вакви уметнички акции има за цел не само да привлече внимание, туку и да иницира критичка мисла и дебата меѓу граѓаните. Ова е повик за сите да станат свесни колку е деструктивен говорот на омраза и колку е потребна заедничка акција за негово надминување. Акцијата уште еднаш потсетува дека културата и уметноста се моќни алатки за промена и заштита на демократските вредности.

Акцијата е поставена во јавен простор во центарот на Скопје на малиот сквер кај Ким во порта Буњаковец, на крстосницата на улиците Ленинова (Аминта трети) и булеварот Партизански одреди.

говор на омраза Скопје Уметничка инсталација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.